Press "Enter" to skip to content

Ана Долевска најдобар млад библиотекар ќе ја претставува Битола на републичкиот натпревар

Во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа 18. Општински натпревар „Млади библиотекари“, на кој зедоа учество ученици од основните училишта од Битола и по еден ученик од училиштата во с. Бистрица, с. Новаци, с. Могила, с. Добрушево и с. Долно Српци, со вкупно петнаесет претставници.

Првопласирана е ученичката Ана Долевска од ОУ “Д-р Трифун Пановски“ од Битола, која освои најмногу бодови, 105 од вкупно 117, според правилата за натпреварување на овој натпревар.Долевска ќе ја претставува Битола на 19. Републички натпревар “Млади библиотекари“ што ќе се одржи во Народната библиотека “Илинден“ во Демир Хисар.

Второ пласирана е Исидора Кузмановска од ОУ “Гоце Делчев“ од Битола, а третопласирана  е Анастасија Дракуловска од ОУ “Св. Кирил и Методиј“.Наградите на најуспешните млади библиотекари им ги додели директорот на НУУБ “Св. Климент Охридски“, Бојан Стефановски, кој на победничката и посака успех на државното натпреварување.

Натпреварувачите ги оценуваше тричлената комисија во состав претседател Илче Стојановски, виш библиотекар, член Гордана Пешевска, библиотекар советник и член Александар Крстев, библиотекар.

More from КултураMore posts in Култура »