Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Комуналец“ го чисти Широк Сокак, но што правиме со оние кои го валкаат

“Метларката“ на јавното претријатие “Комуналец“ како и секое утро така и денес беше на задача по Широк Сокак, а ги метеше и чистеше гранитните плочки. Која ја правевме фотографија, ни пријде еден повозрасен господин кој ни рече:

-Убаво е тоа што овие метат, но што правиме со оние кои за некој минута откако ќе помине машината ќе започнат да валкаат. Сега почнуваат за брзо време да ги шетаат кучињата, а верувајте ги има стотина, а можеби и повеќе во текот на денот кои поминуваат по Широк Сокак. Што мислите кај вршат нужда кучињата. Бадијала оваа машина мети и чисти, не може да дочисти од оние кои валкаат, а за фрлање на ѓубре и плукање да не зборувам.

На угледниот гостодин кој утрински прошета по улици му ветивме дека тоа што го кажа ќе го објавиме и тоа го правиме, со надеж дека ќе има многи битолчани кои размислуваат како него, а уште повеќе дека нема да валкаат.