Press "Enter" to skip to content

Нов пораз на кошаркарите на Пелистер, дома од Куманово (фото)

Пелистер – Куманово 67:87

Спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола

Гледачи: 300

Судии: Дсвидов, Јанков и Крстевски

Пелистер: Илиевски, Атанасовски, Голубовиќ 2, Харис 28, Билер 21, Захариевски 4, Арсовски 4, Давков 5, Трајковски, Талевски, Трсунов 3, Обедниковски.

Куманово: Пенов 10, Мекиќ 17, Стојановски 13, Миса 5, Ѓекиќ 18, Бешлиовски 1, Петровски 14, Тодоровиќ 3, Ѓоргиевски, Јосимовски, Ковач 6, Думиќ.На отворањето на шестото коло помладиот битолчанец Александар Петровиќ со екипата на Куманово го победи поискусниот Печалов, како привремен тренер, со Пелистер во Битола со убедливи 2о поени разлика. 

Куманово одлично го започна натпреварот со водство од 17 поени во во првите пет минути 0:17, за до крајот на четвртината да биде подносливи 13:27 за Пелистер. По втората четвртина која битолчани ја добија 18:15, на одмор се отиде со 32:42. 

Третата четвртина беше резултатски беше рамноправна, а во последната четвртина “пелистерци“ не успеаја да ја надоместат разликата, а во желбата кошаркарите на Куманово со смирена игра дојдоа до високи 20 поени разлика.Најефикасни кај битолчани беа  Харис со 28 и Белер со 21 поени, што е вкупно 49 кошеви од вкупно 67 кој ги постигна Пелистер.

More from СпортMore posts in Спорт »