Press "Enter" to skip to content

Модерни тренди женски чанти за сезоната есен зима 2018/19 во парфимеријата “DE LUX“ (фотогалерија)

Прекрасните бои на есента како пресликани во дизајнот  на женските чантите за сезоната есен зима 2018/19 ви ги претставува парфимеријата “DE LUX“ – нејзината сопственичка Ајтен Де Лукс.Најновите модни трендови на женски чанти за претстојната сезона се :

– романтичен стил –  гламурозни мали чанти со плиш или сомот со викторијански „touch“

-„Бохо стил“ чанти со крзно во розево пудер боја која се истакнува оваа сезона

– Ранец „must have“ аксесоар оваа сезона

– модерно карирани во црно бела боја за урбан„Look“

– анимал принт

Во есенскиот калеидоскоп од фотографии можете да ги видите моделите чанти кои се „in“ за претсојната  есен зима 2018/19 кои ќе ги најдете во парфимеријата “DE LUX“.Во „бохо стил“ никого нема да остави рамнодушен. Хит на сезоната чанта со пуфки од крзно во елегантни пастелни бои – розево пудер и  есенско зелена.

Враќање на ранецот оваа сезона

и тоа од оној „школски“ за модерен урбан изглед, спортски, па до романтичен со плиш кој може да се комбинира со посвечена облека.Плишана чанта во метал  боја за свечен и  гламурозен изглед.

Голема практична женска чанта во урбан стил.Анимал принт со крзно која ќе даде атрактивен изглед на секој аутфит.

Елегантана во бургунди црвена боја исто така „in“ оваа сезона.

Модел: Александра Шијакоска