Press "Enter" to skip to content

Фото вест: додека е убаво времето се средува коритото на реката Драгор

Екипи на ЈКП “Нискоградба“ го користат убавото време без дождови за средување на коритото на реката Драгор, каде се работи на порамнување на коритото од наносите на песок и се чисти вегетацијата која е порасната во реката.

Се работи на потегот од Црн Мост до Пожарната, а ваква акција за уредување на коритото на реката се одвиваше и пред неколку месеци.