Press "Enter" to skip to content

Денес Народен театар Битола го слави 74 роденден

НТБ денес има роденден и тоа 74 – ти.

Тоа се 74 години од првиот македонски збор изговорен на сцена, 74 години во листата на најдобрите театарски куќи во регионот, 74 години љубов, солзи, пот и креативност, 74 години континуирани претстави за вас драга публико.

Денес НТБ е театар кој достоинствено го продолжува добиеното наследство, театар за кој се зборува ,театар кој е дел од асоцијацијата на Шекспир фестивалите, театар кој благодарејќи на новите вработувања до крајот на годината ќе брои околу 100 вработени,театар со дури 17 живи претстави на репертоарот кои се играат на три сцени,театар кој има претстави скоро во сите работни денови од месецот.

Ние годинава роденденот ќе го прославиме со дупли проби, а на 20.11 со премиерата на ,,АЖДЕР”, бидејќи и покрај сите напори да стигнеме за роденденскиот датум поради обемноста на претставата не успеавме во тоа.

Но затоа на 20 – ти , 25 актери од сцената, техничари, гардеробери, фризери и сите останати зад сцената, ќе му го честитатат роденденот на нашиот славеник онака како што најдобро знаат со уметност.

Да ни си долговечен,ти не си стар ами мудар и заедно со сите нас кои учествуваме во твоето градење, засекогаш запишан во културните страници на нашата земја и пошироко, стои во објавата на социјалните мрежи на НТБ.

More from КултураMore posts in Култура »