Press "Enter" to skip to content

Проработи мерната станица “Битола 2“, вечерва во 21 часот измери 70 РМ честички

По подолго време неработење вечерва започна да работи мерната станица “Битола 2“ која се наоѓа во центарот на Битола, пред управната зграда на ЈП “Стрежево“.

Мерната станица “Битола 2“ вечерва во 21 часот измери 70 РМ честички во воздухот со големина помала од 10 микрометри, а апликацијата “Мој воздух“ за оваа количина вели воздухот е доволно чист од овој тип на загадување и нема потреба од никакви превентивни мерки.

“Битола 2“ покрај ПМ 10 честичките мери и   други типови на загадување како АQI, РM 2.5, NO2, O3 и SO2.

Втората мерна станица “Битола 1“ се наоѓа на излезот од Битола кон Новаци и таа вечерва во 21 часот измери слична загаденост на воздухот, 73 РМ честички во воздухот со големина помала од 10 микрометри.

Двете мерни станици покажаа средно загадување на воздухот кое се движи од 50 колку што горната граница на загаденост со РМ 1о, до околу 100 РМ 10.

More from ВестиMore posts in Вести »