“Relax Beach Resort во Претор кој се наоѓа на влезот во туристичката населба во интерес на многубројните гости утре ќе ја отвори стаклена тераса со бендот “Реприза“.
Стаклената тераса е направена за гостите да уживаат во претстојниот зимски период со идилична глетка кон Преспанското езеро, со топла атмосфера.
Гостите можат да уживаат во прекрасниот поглед и да ги пробаат и вкусните јадења кои се наоѓаат на ново мени во “Relax Beach Resort“, а денот можат го започнат со вкусни доручеци: Англиски, Француски и Селски доручек, омлети, питулици и банички со сирење, а и со вкусни чорби – телешка и рибина чорба со икра!
Совршениот поглед кон Преспанското Езеро ќе биде надополнет и со вино и совршено подготвен преспански крап, кој го има во “Relax Beach Resort“ во Претор, а ќе бидете послужени и со вкусна храна.
Побегнете од сите обрски и стресови и дојдете утре во саботна топла атмосфера, збогатена со мелодии на групата “Реприза“ на вкусна храна и квалитетно вино – се што ви е потребно за еден незаборавен викенд во Преспа.
Поминете викенд во прекрасната Преспа, која е облечена во ново есенско руво во “Relax Beach Resort“ кој ви нуди сместување по специјална намалена цена за ноќевање за двајца + добивате и едно изненадување и попуст на целото “à la carte“ мени во ресторанот, за да уживате во мирот и убавината на есенските бои кои ги красат пејсажите на Преспа во ова време од годината.
Дојдетe утре да ја отвориме сезоната, резервации на 075 421 262 и 075 212 323.

Утре во “Relax Beach Resort“ во Претор отворање на стаклена тераса со бенд “Реприза“
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Ресторан “Корзо“: докажан квалитет на храната и нашата услуга
- Од 1 мај повторно со вас Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina (видео + фото)
- Со “ЈК Травел“ лето 2026 на Лефкада, не пропуштај, 15% попуст
- Минт Кредит GIVEAWAY – Пролетта носи повеќе можности
- Не мора да отворате, сé е кажано – пицерија “Шведскио“ на Широк Сокак





