Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник со десет гола разлика патува на мирен реванш во Швајцарија (фото)

Еурофарм Работник – Берн Мури 29:19 (15:7)

Ракометарите на Еурофарм Работник на првиот натпревар од третото коло ЕХФ купот во Битола во салата “Боро Чурлевски“ пред повеќе од 3.000 навивачи, направија разлика од 10 гола против екипата на Берн Мури од Швајцарија во натпревар кој го одиграа добро во одбрана и ефикасно во  напад.Првите десетина мунути беа изедначени, но цврстата игра во одбрана и одбраните на Ченевски му овозможија брзи напади за водство од 4 гола (10:6), по што гостите побараа одмор. Но и по тајм-аутот следуваше добра игра во која Кузмановски и Ѓукиќ погодуваа, за на полувреме “фармацевтите“ да отидат со 8 гола предност (15:7).

Второто полувреме започна со со реализација на десното крило Ѓукиќ, а Еурофарм Работник дојде до + 10. Предноста остана до крајот на натпреварот, а домаќините имаа можност и за гол-два поголема разлика.Последните десетина минути Еурофарм Работник ги одигра без Марковски кој доби удат во главата и со повреда на носот се упати во битолската болница.

Тренерот на Еурофарм Работник смирено го водеше натпреварот, а по завршувањето им честита на неговите ракометари и рече:-Десет разлика против ваква екипа со мал број примени голови, па тоа е одличен резултат пред реваншот. Започнавме добро, а ракометарите го почитува договорот да бидеме трпеливи и кога ќе ни се укаже шанса да направиме разлика. Имавме добра игра, а на 5-1 на противникот добро одигравме но имавме лоша реализација, но да ни понудеше ваков резултат пред стартот, би го прифатиле со двете раце, а за реваншот вели:

-Овој резултат ни дава големи шанси за пласман во групната фаза и ни дава шанси и за некои тактички промени и новини. Како реков и пред натпреварот победникот ќе се знае по 120 одиграни минути.Најефикасни поединци во Еурофарм Работник беа Ѓукиќ со 11 и Кузмановски со осум гола, а кај Швајцарците се истакнаа Герлух и Мулеман со по четири гола.

 

More from СпортMore posts in Спорт »