Press "Enter" to skip to content

Две студентки од Технички добија стипендии од “МЕПСО“

Денес во просториите на Техничкиот факултет во Битола “МЕПСО“ додели стипендии на две студентки во втора година Билјана Велјановскa и Александра Киревска, на насоката за електроенергетски системи, а ќе добиваат стипендија од 6.000 денари месечно во тек на академската година. 

Со овој чин се возобнови соработката меѓу МЕПСО и битолскиот Технички факултет што беше започната во 2016 година, а договорите за стипендирање на студентите во име на МЕПСО им ги врачи Сашо Василевски, генерален директор на “МЕПСО“.-Продолжете со истиот ангажман и посветеност во студирањето. Вашата работа ние ја гледаме и ја вреднуваме и ќе ве поддржуваме затоа што вие, студентите сте иднината и вие ќе обезбедите економски раст и просперитет на нашата земја. Убеден сум дека оваа позитивна практика ќе охрабри и мотивира и други студенти и дека вгодина и во годините што ќе следат редовно ќе доделуваме и повеќе стипендии овде во Битола, истакна Василевски.

-Сакам да се обратам и до сегашните средношколци, а идни студенти дека инженерството а посебно електро инженерството е добар избор за идна професија посебно на ТФБ, рече студентката Билјана Велјановска, која ја доби стипендијата.
 
-Се надевам дека соработката со “МЕПСО“ во иднина ќе продолжи не само во оваа насока, тука и ќе се продлабочи преку поддршка на научно истражувачката работа и апликативната дејност која веќе неколку децении се негува на Техничкиот факултет во Битола, рече Нусев. Студентката Велјановска заблагодарувајќи се на “МЕПСО“ и на ТФБ истакна дека ова ќе биде мотив плус за збогатување на знаењата и за подобар успех во студирањето, рече  деканот на Битолскиот технички факултет д-р Стојан Нусев.
 
“МЕПСО“ и Техничкиот факултет Битола пред неколку месеци склучија Меморандум со кој ја продлабочуваат соработката на повеќе полиња, а “МЕПСО“ има вкупно 17 стипендисти на факултетите за електротехника во Скопје и во Битола.