Press "Enter" to skip to content

Методија Илиевски: започна откупот на тутун, а формирана е и второстепена комисија

Во регионот на подрачјето на Битола, Новаци и Могила на 19.11.2018 година започна откупот на тутун од реколтата 2018, информира Методија Илиевски, Раководител на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство подрачна единица – Битола.

-Откупот во овој регион ќе се извршува на 17 откупни места и тоа во населените места Горно Оризари, Могила, Добромири, Дедебалци, Добрушево, Ивањевци, Трновци, Беранци, Лисолај, Драгожани, Лопатица. Откупни претпријатија кои имаат склучено договор и имаат поставено пунктови во овој регион се “Сокотаб“, “Алијанс Уан“, “Пашоски“ ДООЕЛ, “Секе“ ДООЕЛ Прилеп, Тутунски комбинат ДООЕЛ Прилеп, “Миссириан“ ДООЕЛ Струмица, вели Илиевски

Годинава според Илиевски планирани количини за тутун кои треба да се предадат се: 3364 тони, а вкупно склучени договори се 3.408, додека се издадени вкупно 2.475 евидентни листови.

Од страна на подрачната единица издадено е решение за формирање на второстепена комисија која има обврска, доколку има потреба за дополнителна процена да ја изврши истата на предадените количини на тутун.