Press "Enter" to skip to content

Ин мемориам: Кенан Хасани – учител и новинар

Вчера по кратко боледување во Битола на 78 годишна возраст почина новинарот Кенан Хасани.

Хасани по професија беше учител, но остави и голема трага во битолското новинарство, посебно во медиумите на албански јазик, за кои како дописник од Битола и Битолско работеше неколку децении.

Кенан Хасани работеше како дописник за Македонското радио на албански јазик, како и за весниците на албански јазик “Коха“ и “Фљака“, каде остави голема трага.

Кенан беше погребан денес во гробиштата во Битола.

 

More from ВестиMore posts in Вести »