Press "Enter" to skip to content

Репрезентативката на Србија, Маријана Орос, ги подучува младите битолски куглари (фото)

Вчерашниот ден ќе биде запаметен како ден каде што се научија многу нешта, каде се разбија многу табуа, предрасуди кои важеле некогаш во куглањето, а веќе се надминати во модерното куглање, а кога тоа го прави репрезентативка на Србија од Нови Сад, Маријана Орос, тоа има поголема вредност.
Маријана Орос дојде во Битола специјално за младите куглари од проектот „Кугламе и сме среќни“ кажува доволно за важноста, вредноста и значењето на истиот, генерално карактеризиран како освежување на балканско ниво во кугларскиот спорт. А младите куглари и нивните тренери оправдано велат дека иако Битола нема нова и модерна куглана, можеби Битола нема ултра модерни услови за работа, но едно е јасно: Битола има одлични кугларски таленти до 14 години и тоа не прави посебно горди.
Ова го потврди и Маријана Орос, на синоќешниот тренинг, давајќи големо парче од себе пред младите куглари во една убава, пријатна и ведра атмосфера, сублимирано на многу едноставен начин беше пренесена сета љубов, знаења и вештини кои таа ги има стекнато во куглањето, несебично споделувајќи ги со напшите куглари. 
 
Куглањето е спорт кој бара многу размислување и свесност, а коментарите на Маријана со секој куглар поединечно веруваме дека беа доволно инспиративни за да ги поттикнe нашите млади куглари уште подлабоко да нурнат во тајните на куглањето. 
Денес со исто темпо со Маријана Орос во истите термини од 16.30-21.00 часот, ќе се одржи уште еден тренинг за младите битолски куглари.
 
Претходната недела Јован, оваа недела Маријана, одлично се вклопија во филозофијата која ја наметна овој проект и продолжуваме да ја шириме таа наша девиза „Кугламе и сме среќни“.
More from СпортMore posts in Спорт »