Press "Enter" to skip to content

Менаџери од регионот на студентите од УКЛО им ги покажуваа чекорите кон успехот (фото)

По повод меѓународниот ден на студентите, а во рамките на одбележувањето на 40 годишнината од основањето на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со Организацијата на студентите од техничките науки IAESTE како и центарот за Кариера, Алумни и Доживотно учење (КРЕДО центар) при УКЛО, организиран беше настан под мотото “Чекориме по патот на успехот“ кој се одржа во малата сала на Центарот за култура во Битола.Целта на овој настан е да им овозможи на студентите да се запознаат со одредени искуства на истакнати менаџери од областа на бизнисот, како и истакнати Алумни на УКЛО докажани во своето поле на работа, а во исто време да ја сфатат важноста на поврзаноста на универзитетот и бизнис секторот, односно поврзаноста на академската и деловната заедница.

Следејќи ги современите текови во развојот на опшеството, УКЛО го истакнува значењето на воспоставената релација Универзитет- бизнис сектор и затоа посветува големо внимание во развојот на ваквите односи.-Настанот беше организиран под слоганот „Чекориме по патот на успехот“, ваквиот слоган ги потврди нашите очекувања бидејки наши гости беа: Ирена Јакимовска-менаџер и ко сопственик на познатиот македонски бренд “Комфи ангел“, претседател на регионалната стопанска комора, Тошо Чочороски менаџер на хотел “Силекс“ од Охрид ангажиран од ФТУ Охрид како лице од практиката да ја спроведува стручната практична настава, Владимир Христовски, сопственик на “Графо пром“, печатница од Битола, Панче Ѓоргевски, сопственик на компанија од ит секторот “Bright box“ Пеце Ангелковски, сопственик исто така на компанија од ИТ секторот “X3mlabs“  од Битола. Сите говорници се наши пријатели кои успешно чекорат по патот на успехот како и наши колеги, студенти кои зачекоруваат по овој пат, ни рече д-р Гоце Марковски, советник во УКЛО за стопанските и нестопанските субјекти и додаде:

-Слободно можам да кажам дека од денес УКЛО има нови 5 драги пријатели од светот на бизнисот кои ќе станат дел од големото семејство на поддржувачи на УКЛО, кое нема да застане овде, туку ваквата соработка ќе се прошири со потпишување на меѓусебни договори за соработка.Инаку, соработката на УКЛО со бизнис заедницата, си има своја традиција во претходните 12 години, чии интензитет се зголемува од година во година, за што зборуваат големиот број на потпишани договори, реализираните практиканства како и поддршката што бизнис секторот ја дава за студентите преку стипендии и грантови. Радува тоа дека се повеќе бизнис секторот го препознава УКЛО за свој партнер што говори за квалитетот што го испорачува преку нивниот производ, а тоа се студентите.

С.Ристевски