Press "Enter" to skip to content

Ѓуро Илиќ – мајстор по реален аикидо по семинарот во Скопје, има иднина за овој спорт кај нас (фотогалерија)

Деновиве во Скопје се одржа меѓународен семинар за реален аикидо во организација на Македонската аикидо федерација, а технички организатори беа клубовите Маруи и Кеико од Скопје. Предавачи  и “домаќини“ на овој традиционален семинар со околу 200 учесници беа битолчанецот, Ѓуро Илиѓ аикидо мајстор 7 дан и Ана Врачаревиќ од Белград, Србија.-Ова е традиционален семинар кој се одржува кон крајот на ноември и од година го година е се поголем интересот, како за учество но и за оние кои сакаат да предаваат, а ги имаше од 5 земји. Оваа година семинарот беше за форми, а е дел од подготовките на сите учесници за престојните државни првенства кои ќе започнат да се одржуваа за еден месец, вели Ѓуро Илиќ, кој додава:-Предавачи оваа година покрај мене беа и лиценцирани тренери од Аикидо федерацијата на Македонија, но беше присутна и Ана Врачаревиќ кој со своето знаење е добредојдена на секој светски семинар, а секако и во Македонија. Учесниците покажаа голема желба за учење и мислам дека сите кои бевме таму сме побогати за едно искуство.Битолската екипа кој беше на семинарот броеше триесетина членови на џудо клубот Пелистер, а за нив Илиќ вели дека како и секогаш биле на висина на задачата без разлика кој појас го имаат.-Нашата екипа секогаш и секаде каде ќе се појавиме е пример за тоа како треба да изгледа една спортска екипа во секој поглед. Мило ми е што нашиот концепт на работа веќе го прифаќаат и останатите клубови од Македонија. Сакам да повторам дека кога ги гледам семинарите и натпреварувањата колку луѓе се вклучени во нив, како работаат и колку млади доаѓаат морам да кажам дека ова што го прави Федерацијата на кој сум престедател и кубовите имаме обезбедено иднина за овој спорт во Македонија.Наредниот семинар на кој ќе предава Илиќ е на 1 декември во Белград.

-Во Белград традиционално во декември се одржува детскиот семинар на кој ќе има повеќе од 500 учесници од повеќе земји, а ќе се одржува во домот на реалниот аикидо, со салата на големиот мајсторт Љубомир Врачаревиќ. Тоа ќе можност да се потсетиме на неговото учење и секако и ние да го продолжиме неговото дело, вели Ѓуро Илиќ.

Секцијата за реален аикидо во голем број ќе биде присутна на овој семинар.

More from СпортMore posts in Спорт »