Press "Enter" to skip to content

Нова минимална победа за нови три бода за Пелистер

Пелистер – Тетекс 1:0 (0:0)

Екипата на Пелистер ја забележа шестата вторлигашка победа совладувајќи го гостинот од Тетово, Тетекс, минимално но заслужено со 1:0, полувреме 0:0.

Единствениот гол го постигна Филип Бошковски  на стартот на второто полувреме во 59. минута  ја погоди мрежата на тетовчани, по една збркана акција на целиот офанзивен ред на битолчани. На овој погодок следуваше  реакција и барање да се поништи голот поради наводна офсајд позиција, но судијата си остана на својата одлука кога покажа на центарот.

Бошковски можеше и претходно да го отвори резултатот кога промаши празен гол по грешната проценка на голманот на Тетекс, Митев, а и во вториот дел кога во 51. минута не погоди. Шанса за гол имаше и Неданоски во 26. минута, а и Момировски биеше за малку непрецизно. 

По водството на Пелистер екипата на Тетекс се обиде да израмни но наместо израмнување погоди Бјагојче Главевски за 2:0, но голот беше поништен. 

More from СпортMore posts in Спорт »