Press "Enter" to skip to content

Стопанска банка А.Д. Битола ќе исплаќа пензија на 30 ноември

Стопанска банка А.Д. Битола, во рамките на одбележување на јубилејот  70 години постоење, овој месец на пензионерите кои пензијата ја примаат преку Банката ќе им овозможи да ја добијат порано  на 30 ноември.Банката го прославува јубилејот со низа активности со кои ја изразува својата благодарност за довербата која ја добива од своите клиенти седум децении.

Покрај грижата и вниманието за својата највозрасна група на клиенти, во дел од своите активности ги вклучува и најмладите.Во таа насока Стопанска банка А.Д. Битола додели годишни стипендии на тројца ученици од Државното музичко училиште во Битола, кои се истакнуваат со својот особен талент.

Стопанска банка А.Д. Битола, како и во изминати 70 години, го задржува императивот на своето работење – задоволување на интересите на своите клиенти, соопштија од банката.

More from ВестиMore posts in Вести »