Press "Enter" to skip to content

Младинките на Топ гол подобри во градското дерби против Атлетико

Атлетико – Топ гол 0:1 (0:1)

Во рамките на 6. есенско коло од Младинската фудбалска лига за девојки родени 2003/04 година екипата на Топ гол оствари победа и тоа над врсничките од екипата на Атлетико.

Во градското дерби кој се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“, со погодокот на Јована Николовска во 44 минута “гостите“ на овој натпревар се радуваа на четвртата победа во овој дел од првенството.

-Им честитаме на младите фудбалерки за оставрената победа, а уште повеќе се радуваме дека ја остваривме во градското дерби. Во отежнати временски услови, на ниска температура и врнежливо време изигравме храбро и борбено за време на целиот натпревар, создадовме неколку изгледни шанси за гол од кои само една успаеваме да реализарме. По водството ја контролиравме играта до крајот на натпреварот, изјави Кире Грбевски, тренерот на Топ гол.

Следното коло младинките ќе паузираат, додека првата екипа на Топ гол ја пречекува екипата на ЖФК Прилеп во Пелагониското дерби кое ќе се игра во Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »