Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: 55 годишен битолчанец со “форд“ излетал на Плетвар

На 25.11.2018 година околу 18,30 часот на патот Градско – Прилеп патничко моторно возило „Форд Фиеста“ со битолски регистарски ознаки управувано од 55 годишно лице од Битола во кое се превезувале двајца сопатници излетало од патот.

Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката  на која и е укажана лекарска помош во Градска болница Прилеп.