Press "Enter" to skip to content

Започна прославата на јубилејот на ЈП “Стрежево“, пуштен во употреба центар за динамичка регулација и видео надзор (фотогалерија)

Јавното претпријатие ,,Стрежево” денес започна со прослава на големиот јубилеј 40 години од основањето, а беше пуштен во употреба Центар за динамичка регулација и видео надзор на објектите на претријатието, со што е осовремен постоечкиот компјутерски систем.Со овој нов видео систем, рече директорот Менде Граматковски, под видео надзор е целиот систем во должина од 40 километри, а тоа значи од браната на езерото Стреќево до границата до Грција.На прославата и пуштањето на употреба на Центар за динамичка регулација и видео надзор просуствуваше и пратеникот Александар Кирацовски кој имаше средба со манаџерскиот тим на претријатието на чело со директорот на ЈП “Стрежево“ – Менде Граматковски, членовите на Управниот одбор предводен од Добри Петровски, како и вработени, гости и поранешни вработени.Потоа Кирацовски и Менде Тасевски беа запознати со работењето на претријатието од страна на директорот на големиот модел на хидро-системот кој е направен во фоајето на претријатието.-Денес прославуваме 40 години од основањето на хидро системот “Стрежево“, што е капитален објект не само за Битооал, туку и за државата. Моментално во езерото Стрежево има околу 75 милиони кубни метри вода, а во јуни имавме 105 милони кубни метри. Сите водокорисници беа навреме услужени, а ниту во идната година водокорисниците ќе бидат услужени и не треба да имаат грижа, рече директорот Граматковски, кој нагласи дека денес се испорачува вода на РЕК “Битола,“Водовод“ и индустријата во Битола и најави технолошки развој на претријатието.Пратеникот Александар Кирацовски, честитајќи им го големиот јубилеј на вработените рече:-Денес одбележуваме 40 години од основањето на хидро-системот “Стрежево“, а од тука со питка вода се снабдуваат граѓаните на Битола, а со технолошка вода се снабдува индустријата и со вода за наводнување земјоделските површини. Со една реченица јавното претпријатие обезбедува живот за Битола. Исто така ова претпријатие е тоа што Битола е позната и по летно зимскиот центар “Нижеполе“. ЈП “Стрежево“ исто така е еден од најголемите капитални објекти во овој регион кој има влијание врз туризмот, енергетиката и земјоделието и додаде дека како пратеник и генерален секретар на СДСМ ќе се залага ова претријатеи да се зачува комплетно, да се работи домаќински и да биде унапредено, а владата да обезбеди услови какви капотални објекти да се одржуваат.Потоа сите заедно ја разгледаа браната на вештачкото езеро.Според програмата вечер во Битолскиот театар ќе се одржи свечена академија на која ќе биде  презентирана ретроспектива за работата на ЈП “Стрежево“ во изминатите четири децении, ќе се доделат јубилејни награди, како и посебни посмртни признанија за Методија Сапунџиевски и Томе Делов.