Press "Enter" to skip to content

Свечена академија по повод 40 години ЈП “Стрежево“ (фотогалерија)

-На свечената академија зборуваа министерот за земјоделие, водостопанство и шумарство – Љупчо Николовски и директорот на ЈП “Стрежево“ – Менде Граматковски.

-Доделени благодарници на работници кои имаат најмногу стаж во “Стрежево“, РЕК “Битола“, “Водовод“, Општина Битола, и постхумно на Томе Делов и Методија Сапунџиевски.Синоќа во Народниот театар – Битола со свечена академија беше одбележан големиот јубилеј на ЈП “Стрежево“, 40 години од основањето. На свеченоста присуствуваше министерот за ЗВШ, Љупчо Николовски, пратеникот Александар Кирацовски, градоначалникот на Битола – Наташа Петровска, претседателот на Советот – Валентин Груевски, директорот на РЕК “Битола“ – Васко Ковачевски, голем број на раководители од Битола, како и вработените во ЈП “Стрежево“ и градоналниците на Новаци, Могила и Демир Хисар.Министерот за земјоделие, водостопанство и шумарство – Љупчо Николовски, честитајќи им го големиот јубилеј на вработените и на сите кои се вложиле во создавањето на овој хидро-систем во изминатите 40 години, рече:-Ми претставува голема чест и задоволство што сум тука, на прославата на 40 години од изградбата на “Стрежево“, што е капитален и најрепрезентативен објект во Република Македонија. Ова е значаен објект не само за Битола кој 40 години овозможува наводнување и снабдување со вода, туку е и заштита од поплави на овој регион. Овој повеќенаменски систем започнал да се гради во 1978 година и се уште е во одлична кондиција. Овој систем обезбедува наводнување на битолското поле, технолошка вода за РЕК “Битола“, а и самиот произведува електрична енергија. “Стрежево“ успешно призведува калифорниска пастрмка, а работи и ЗЛТЦ “Нижеполе“.-Владата ги препознава вложувањата во хидро-системите бидејки се значајни за развој на земјоделието, нагласи Николовски, и додаде дека идната година има 428 милиони денари во капитални објекти во водостопанството.За јавното претријатие зборуваше директорот Менде Граматковски, кој се осврна на организационата поставеност на хидро-системот кој наводнува 22 илјади хектари плодно земјиште.-Со изградбата на “Стрежево“ не само што се анулира постојаниот недостаток на вода туку е обезбедена и неограничена суровина за проширување на капацитетите на “Водовод“. “Стрежево“ е непосредно поврзан со најголемите производни капацитети во Македонија ЗК “Пелагонија“ и РЕК “Битола. Најголемиот дел од водите на хидро-системот е обезбеден за потребите на земјоделието, а со тоа и на сточарството. “Стрежево“  има изградено и пет хидро-централи за производство на електрична енергија која се продава на слободниот пазар. Можностите за проширување на капацитите на хидро-системот не се целосно искористени, рече Граматковски, кој се осврна и на идните планови за развој на системот, а ги спомена и производството на калифорниска пастрмка, рекреативниот риболов на вештачкото езеро, како ЗЛТЦ “Нижеполе“.На крајот беа доделени благодарници за Бранко Влашин – дипломиран градежен инженер, Цане Грашковски – возач и ракувач со градежни машини, а двајцата се од основањето на хидро-системот.Благодарници добија и РЕК “Битола“ која ја прими Васко Ковачевски – директор на РЕК “Битола“, општина Битола која ја прими градоначалничката Наташа Петровска,  ЈП “Водовод“ од Битола, ЗК “Пелагонија“ – Битола.Благодарници постхумно добија две личности кои дале голем придонес во развојот на “Стрежево“, творецот на овој голем проект – Томе Делов, кој неговата визија ја преточи во реалност и за  првиот директор на “Стрежево“ – Методија Сапунџиовски.На свечената академија беше прикажан и документарен филм, свеченоста заврши со музичка програма и коктел.                                                                                                       

С.Р.