Press "Enter" to skip to content

Фото вест: пример за пофалба, чешмата во Безистенот од корпа за отпадоци – убава жардиниера

По можеби повеќе од пет – шест години некој се сети неупотребливата чешма во Безистенот која се наоѓа на поранешниот наплатен центар на ЕВН од мини депонија да ја направи украс.

Без разлика кој го има ова направено, најверојатно сопственикот на дуќанот до неа, е пример кој во ова време-невреме заслужува внимание и треба секој да го поздрави. Некој да помисли на ничиј имот да интервенира и да го дотерува е ретка ситуација во Битола.

Но, само да не му текни на некој да ја поправа чешмата или пак да ги укради зададените цветни аражмани.