Press "Enter" to skip to content

Градската кафеана во есенски дизајн подготвена за “Боемски декември“ (фотогалерија)

Во овие денови на доцна есен и тмурно, врнежливо време, пријатно место за да го поминете времето со пријателите е градската кафеана во хотелот “Епинал“. Таму во прекрасен амбиент со добра храна и пијалок ќе се опуштите после работните обврски, вечера со пријатели или  романтична вечер со саканата личност.Атмосферата и амбиентот ќе ја надополнува  топлината и пламенот од каминот, посебна  за прекрасни романтични вечери на сите кои се вљубени или имаат романтична душа  да уживаат покрај него.Градската кафеана отсекогаш била место каде се собирале боемите од нашиот град. Во опуштена атмосфера со добра храна, вино, музика тие водат долги разговори на различни теми, а понекогаш и некој ќе започне песна за душа и седенката ќе се оддлжи до доцни саати.Затоа менаџерскиот тим се погрижи и за “новиот дизанј“ на Градската кафеана, која сега има топла атмосфера, се во стилот на есента.Најубавите животни приказни се пренесуваат низ песна. За сите боеми следува месец  “Боемски декември“ – месец на вино, забава и одлична музика најавуваат од градската кафеана во хотел “Епинал“.Во следниот месец со приближување на празниците доживејте го декември – боемски, со позитивна енергија, богато мени и добри музиќки бендови, а ваше е само да направите навреме резервации.                                                                                                             Ж. Ристевска