Press "Enter" to skip to content

Ученици и наставнички од “Даме Груев“ во Шпанија учеа за “чувството за заедништво“ (фото)

Во периодот од 19. до 23. ноември  тим од две наставнички Соња Јанкуловска и Биљана Додовска-Георгиев заедно со своите четири ученици Глорија Божиновска, Емилија Богоевска, Андреј Јовановски и Емилио Даниловски и уште три тима од Турција, Романија и Германија престојувашр во Шпанија, која исто така е дел од тимот за реализација на проектот, “Малцинствата  во  Европа“ преку програмата “Ерасмус“.-Во нашите училишта, забележуваме дека нашите ученици  не се  многу свесни за фактот дека малцинствата имаат голем придонес кон културната разновидност која ја имаме во Европа сега, како и предрасуди кој за  жал  ги  гледаме дека нашите ученици  ги  развиваат против малцинствата и  наместо да ги ценат нивните придонеси тие  завршуваат со социјални проблеми со инклузијата, рече наставничката Соња Јанкуловска.

Оваа несакана ситуација е за пречка за развојот на заеднички Европски идентитет и уште поважно за зачувување на европското културно наследство.Целта на проектот е да создаде свест за малцинствата и нивниот придонес кон културната разноликост, борба  против предрасудите, поттикнување на социјалното вклучување за  да може да се промовираме “чувството за заедништво“  и  да се  негува европското културно наследство.-Во текот на нашиот престој нашите ученици преку повеке работилници  успешно ја претставија  Македонија, градот Битола  и своето училиште “Даме Груев“. Неизбежна беше и посетата на “La Sagrada Familia“ каде преку видеа и предавање од водич се вратија во минатото во времето на познатите архитекти Antoni Gaudí  и  Francisco de Paula del Villar y Lozano, Но, на крај морам да ја потенцирам дружбата на нашите ученици со уште 30 други ученици од сите партнер училишта преку работа и,забава и почеток на нови познанстав, додаде Биљана Додовска-Георгиев.

Проектот продолжува со активностите во наредните две години со следни мобилности во Германија и Романија.