Press "Enter" to skip to content

Интервју: Христо Бојаџиев-специјалист по спортска медицина, лекар, едукатор, психолог во служба на спортистите

Пишува: Жанета Ристевска

Се сретнавме со д-р Христо на закажаниот  разговор помеѓу обврските кои ги има со неговото назначување во Службата за спортска медицина при “Д-р Наим Абраванел“ од Битола. Уште на почетокот на разговорот возбудено и со ентузијазам зборува за нови идеи кои сака да ги реализира во Службата и предизвикот на новото работно место. После завршената специјализација со која тој е единствениот  специјалист по спортска медицина во Битола и во регионот на  Ресен и Демир Хисар, пред  него стои  ангажман, работа  и докажување во овоаа област, голем број на оние кои спортуваат рекреативно и професионално, а сите тие треба да поминат под контрола и “будното око“ на д-р  Христо Бојаџиев при направените здравствени прегледи.-Имено  со развој на спортот и со се поголемиот број на спортисти во регионот односно оние кои се занимаваат со спорт рекреативно или професионално потребно е службата да се крене на повисоко ниво  со современа опрема. Службата би требало да се модернизира и опреми со со современа  опрема која е потребна за сите здравствени и психофизички контроли кои треба да ги поминат спортистите – рекреативци и професионалци, вели д-р Христо Бојаџиев и продолжува:

-Мојата работа и задача во службата  е комплексна. Се разбира ќе бидам  и доктор, едукатор, тренер за животни вештини, совети и  насоки за физиотерапија и психолог на спртистите кои ќе доаѓаат на редовни контроли. Тие контроли се задолжителни и  се прават на секои шест месеци, при што се добива потврда која ја издава нашата служба за здравствената состојаба и подготвеност на секој кој се занимава со спорт. Тука би го споменал и мојот ангажман како лекар на ракометарите во  екипата на  Еурофарм Работник како соработник и дел од  нивниот стручен тим, што е голема чест за мене.Делува сериозно, доверливо и  некој во кого можеш да имаш доверба. Сигурна сум дека потполно му одговара и ја оправдува неговата улога и задача за  сериозно водење на спортистите низ цел процес на тренинзи, пред натпревар, за време  и после натпревар. Тука е и цела психолошка подршка при напорни спортски тренинзи и подготовки, повреди, порази, а и победи.

На моја забелешка дека делува многу стабилно  и смирено продолжува и вели:

-Искуството како лекар во брза помош има големо значење за мене бидејќи таа работа бара смиреност, самоконтрола и делување  веднаш на лице место, кога  мораш  да носиш одлуки значајни за живот на пациенти  во животна опасност. Тоа е искуство од скоро 13 години каде бев лекар по општа медицина. Тоа искуство  ќе ми  биде драгоцено кога треба да делувам брзо и хитно при повреда на спортист во  тек на наптпревар.

После вашата работа во Службата за брза помош при “Д-р Наим Абраванел“ следуваше специјализација која ја добивте на државно ниво. Од каде желбата за спортска медицина која еве излезе дека и специјалисти од оваа област е  дефицитарен  во Битола и регионот.-Најпрво би кажал дека мојата желба да станам доктор започна уште кога бев мал, односно кога имав 7 години во прво одделение. Уште тогаш  знаев што сакам да бидам лекар и таа моја желба не се промени во текот на растење кога се променуваат детските одлуки за тоеа што ќе бидам. Постојано се прашувам дали  имаше влијание и тоа што и во нашиот дом се зборуваше и се читаше литература од медицина, бидејќи и мојот татко е лекар, Стевче Бојаџиев,  специјалист по неурологија и  психијатрија. Логично беше по завршувањето на средно образование да се запишам на медицински факултет.  Завршив со љубов и високи оценки и по неколку години се вработив во Службата за брза помош при “Д-р Наим Абраванел“ каде работев скоро 13 години со супер екипа. Но, сите тие години специјализацијата ми беше желба. Моја љубов е спортот, а и самиот спортувам рекреативно, но редовно. Со самото тренирање увидов дека оваа гранка има многу можности и потреба од неа. Затоа на конкурсите за специјализации јас одбрав да специјализирам  спортска медицина, и  се пронајдов себеси, вели д-р Бојаџиев, за мотивите за одбирање на оваа медицинска специјализација, а за специјализацијата вели:-За време на специјализацијата која трае 4 години од кои  2 години се предвидени за пракса и работа на клиника од област на која се специјализира. По препорака и предлог на мојот почитуван професор и ментор  проф. д-р Зоран Ханџиски оваа  практика ја практицирав заедно со тимот на д-р Ханџиски во Центарот  за спортска медицина. Овде  тимот  специјалисти се грижи за здравствената, физичката и психолошка подготвеност екипи на Вардар во ракомет и фудбал мажи и жени. Се знае дека тоа беше за мене голем предизвик и голема шанса да стекнувам искуство од најдобрите како проф. д-р. Ханџиски и многу други. Тука би истакнал  дека овој Центар за спортска медицина покрај спортисти од Македонија се грижи и за други екипи и тимови од цел Балкан. Овој Центар покрај големиот број  стручни лица и специјалисти од областа на спортска медицина  опремен е  со современа опрема по  најнова технологија од областа на спортска медицина.

Дел од потребното искуство д-р Бојаџиев го стекнуваше работејќи во најорганизираните клубови кај нас ракометните екипи на Вардар во машка и женска конкуренција. За ова неповторливо искуство да се работи со најдобрите тој вели:-Предизвикот да се има практика и стекнува искуство за лекар од спортска медицина со екипа како што е екипата на Вардар беше голем. Овој период  би го кажал како пресвртница за мене и моите погледи во област на спортската медицина, но и во работата и животот воопшто. Тука зборувам во смисла на професионализам кој е многу важен за секоја работа, па и за оваа. Имав предлог да останам во Скопје и да продолжам со работа во Центарот, но моја желба беше да се вратам во Битола и да  го пренесам искусвото од таму од најдобрите во Службата за спортска медицина во “Д-р Наим Абраванел“Битола.

После завршување на специјализацијата започнуваш со работа во Службата за спортска медицина при ЈЗУ “Д-р Наим Абраванел“. Каков предизвик стои пред тебе?-Од октомври започнав со работа во Службата за спортска медицина при “Д-р Наим Абраванел“ со голем ентузијазам и енергија. Имам големи идеи за примена на многу од тоа што го стекнав во центарот  за спортска медицина на д-р Ханџиски.  Сакам  дел од опремата која ја има во Центарот за спортска медицина да ја обезбедиме и кај нас. Во оваа Служба за спортска медицина  регистрирани се 3.500 спортисти, оние кои се занимаваат рекреативно и професионално, од училишен спорт  и други спортови. Наша задача е да ги поминат рутинските контроли и тестирања. Сметам дека тие треба да се многу ригорозни и важни, многу повеќе од само издавање на  потврда со печат. Како што кажав  на почетокот од разговорот јас во Службата треба да бидам и едукатор –  во смисла на совети во  исхрана, тренинзи, одмор, сон, упатување на физиотерапија … Потоа лекар за сите здравствени проблеми секако и повреди, а психолог во смисла на подигање на мотивација, издржливост, упорност,  справување со пораз, кога личноста се справува со лоши чувстав на “губитник“, техники за развивање на самодоверба…

Кажете повеќе за психолошката подготвеноист колку е  значајна и твој придонес во тој процес?-Психолошката подготвеност е многу значајна. Мојата улога во психолошка подршка  и при извојувана победа и претрпен пораз. Подготвеноста пред значаен натпревар кога тензијата за победа е висока. Поддршка при повреди и посттрауматски период кога спортистот треба да се врати во игра. Тука добро ми доаѓа моето искуство од област на психологија.  Книгата “Психосоматски заболувања“ и уште две издадени (“Психопатологија“  и “Паркинсова болест“)  заедно со мојот татко ми се драгоцено искуство.

Предизвикот како лекар во тимот на Еурофарм Работник?-Како што кажав многу го сакам спортот и следење на натпревари и тука го поврзувам  задовоството со работа. Но сепак пред мене стои сериозна работа на следење на секој спортисст да биде максимално подготвен здравствено, физички и психички. Мојата улога во текот на натпреварите да ја пратам психофизичката состојба  и ако се случат повреди на натпреварите. Тогаш мојата задача е да делувам  смирено на лице место за да санира повредата и потоа да се преземаат понатамошни чекори при лекување. Потоа следува физиотерапија и процес на опоравување кое многу тешко им паѓа на професионалните спортисти. Знаеме дека една посериозна повреда може да ги чини и  цела спортска кариера.

Споменавте дека спортувате, сигурно спортот ве ослободува од стресот кој го носи вашата професија. Што друго ве исполнува?

-Времето поминато со моето семејство, тука е синот со кого одиме заедно да тренираме кошарка. Јас тренирам рекреативно два до три пати неделно, а мојот син во екипата на Пелистер Јуниор. Времето кое го поминав во Скопје сфатив дека семејство е најзначајно. Нивната поддршка, љубов… Кога се  враќаш  после работа уморен и од напорен ден и дома те чека топла домашна и пријатна атмосфера тогаш се заборава на се и се смируваш. Патувањета со семејството, заеднички  годишни одмори. Сакам да патувам и запознавам други земји.  Предизвик ми е Јапонија и нивната култура, како земја со највисока технолигија и друг стил на живот сосем различан од сите држави и националности на цела планета.Ме воодушеви  ентузијазмот со кој зборува, сака да направи и воведе нови идеи во својата работа во  Службата за спортска медицина. Несебично кажува дека ќе влложува и од себе само Службата се подигне  ниво  со современа опрема, стручни лица и  професионализам. Би сакала да има повеќе вакви луѓе кои се хумани и сакаат да направат нешто повеќе и за себе и за другите во  Македонија каде и сакаат  да допринесуваат со стручност и работа. Сигурна сум  дека ќе  го  исполни својот сон кој   го сонува уште од мал, кога и одлучил да биде лекар да  помага на луѓето, како и што ни кажа низ разговорот. Неговата одлучност и упорност му овозможиле да ги реализира желбите и идеите,  се разбира  и понатаму  ќе му го овозможуваат тоа.  Му посакуваме успеси понатаму во кариерата.

Фото: Сашо Ристевски

Ентериер: “Манаки“ – lounge bar

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »