По повод патрониот празник 8. декември беа доделени наградите на најдобрите студенти на УКЛО и наградите за истражувачки трудови и есеј, а наградите им го додели ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски.
Во пресрет на празникот 8 Декември, Патронен ден на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола одржана е заедничка свечена седница на Управата и Сенатот. По повод пригодата, пре присутните свое свечено обраќање имаше ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски.
Честитајќи им го патрониот празник на сите присутни, студентите и академскиот кадар, ректорот го нагласи делото на патронот Св. Климен Охридски, кој ги презел образованието од Светите Кирил и Методиј и го пренесол на учениците, а во таа насока и академскиот кадар го пренесува знаењето на студентите, продолжувајќи го делото на Св. Климент Охридски.
По свечениот говор на ректорот се премина кој доделување на наградите на најдобрите студенти, оние кои се одважија и конкурураа на конкурсите и оние кои имаат најголем успех во школувањето.
Проф. д-р Сашо Коруновски ги додели наградите за најдобро дипломираните студенти, при што е потенцирана заложбата на УКЛО да го вреднува, поддржува и афирмира вложениот труд и успехот на своите студенти, а со 8.000 денари и диплома наградени беа:
-Елена Јованова, Факултет за безбедност-Скопје просечна оценка 9,56
-Мартина Корлевска, Технички факултет-Битола 9,62
-Лаура Бајрами, Правен факултет-Кичевопросечна оценка 9,8
-Елена Андонова, Факултет за биотехнички науки-Битола 9,85
-Катерина Димитриевска, Технолошко-технички факултет-Велес, 9,87
-Васко Филчески, Факултет за туризам и угостителство-Охрид, 9,8
-Андреа Стаменковска, Факултет за информатички и комуникациски
технологии -Битола, просек 9,95
-Ленче Танаскоска, Факултет за информатички и комуникациски технологии –
Битола 9,95
-Симона Трпеноска, Висока медицинска школа-Битола, просечна оценка на
дипломирање 10,00
-Наталија Јанческа, Економски факултет- Прилеп, просечна оценка 10,00
-Сара Димеска, Економски факултет- Прилеп, просечна оценка 10,00
-Елена Шалевска, Педагошки факултет-Битола, дипломирана на 27.06.2018
година, просечна оценка на дипломирање 10,00.
Во рамки на одбележувањето на Патронатот, доделени се награди за најдобрите остварувања на традиционалниот награден Kонкурс на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за најдобар истражувачки труд и есеј.
На распишаниот награден Kонкурс на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за најдобар истражувачки труд и есеј, конкурсните комисии донесоа одлуки за најдобрите остварувања. Во категоријата истражувачки трудови наградени се:
-Прва награда за Љубица Трајкоска, студент на Факултетот за биотехнички науки за истражување на темата: “ВЛИЈАНИЕТО НА ВРЕМЕТО НА ЧУВАЊЕ НА ОТВОРЕНО ТЕТРАПАК МЛЕКО ВРЗ КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА НА ПРОИЗВОДОТ“, и
-Втора награда за Марија Рунчевска, студент на Факултетот за биотехнички науки за истражувањето: “ПРОМЕНИ ВО ФИЗИЧКО-ХЕМИСКИОТ СОСТАВ НА МЛЕКОТО КАКО РЕЗУЛТАТ НА ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ НА СОМАТСКИ КЛЕТКИ“.
Во категоријата есеи наградени се:
-Прва награда: „УКЛО – на крстопат на својата зрелост“ – Ања Црнец, студент на Факултет за информатички и комуникациски технологии.
-Втора награда: „Песочен часовник“- Марија Ралповска, студент на Факултетот за безбедност.
-Трета награда: „УКЛО – на крстопат на својата зрелост“ – Христина Таневска, студент на Педагошкиот факултет.
Во име на наградените студенти се обрати Елена Шалевска од Педагошки факултет-Битола.
Инаку, во академската 2018/2019 година, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со бројни активности и манифестации започна со одбележување на јубилејот-40 години од своето постоење.
С.Р.






