Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Љубиша Георгиевски (1937-2018)

Денес на 81-годишна возраст, почина уште еден интелктуалец, роден во Битола, театарски режисер Љубиша Георгиевски.

Љубиша Георгиевски е роден во Битола во 1937 година, каде и го започнал своето образование. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград 1974 година.

Тој бил театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а од неговите класи поминале многу значајни актери од Битола. 

Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа. 

Досега има објавено десеттина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма. Како новинар има напишано преку двесте авторски колумни. 

Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија и пошироко, а е добитник и на наградата 4-ти Ноември на градот Битола, за животно дело.

Љубиша Георгиевски на битолската и македонската јавност и е познат и какао политича. Тој беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на првите претседателски избори во Македонија, амбасадор во Бугарија од 2000 до 2004 година, а беше и претседател на Собранито на Македонија од 2006-2008.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.