Press "Enter" to skip to content

“ART&MEDIA“ и Весна Божиловиќ отвараат WEB TV канал за деца и тинејџери

WEB TV канал за деца и тинејџери “TVB KIDS“  ќе ги забавува, воспитува и подготвува децата за на училиште, за да го превземат светот преку моќта на учењето.Знаеме дека децата и тинејџерите долго време поминуваат на Интернет барајќи разни видови на забава и игри. Некои содржини не се прилагодени за возраста и секако  некои од игрите воопшто не се едукативни и добри за нив. Заради тоа тимот на “ART&MEDIA“ тргнаа со идеа да направат WEB TV канал за деца и тинејџери во кој примарна таргет публика ќе бидат најмладите од 5-14 години, а секундарно останатите членови од семејството.

WEB TV каналот за деца и тинејџери ќе има акцент на забавни и  едукативни соджини и родителите ќе бидат сигурни додека неговото дете ги гледа тие содржини. Каналот се уште се полни со едукативни содржини и постојано тоа и ќе го прави. Деновиве ќе биде ставен во функција. Заради тоа позборувавме со тимот на “ART&MEDIA“  и Весна Божиловиќ кои се идејните творци на овој канал.

Кажете ни повеќе за TVB Kids. mk каналот?-TVB kids.mk  ќе ја прават најголемата интернет заедница за учениците, родителите и наставниците. Ќе ги поврзуваме интернетот и телевизијата со акцент на знаењето преку едукативни и забавни програми во кои ќе можат да најдат  одговори на прашања на своите  деца, и на кои ќе  одговараат екперти од различнa облaст. Децата ќе можат да уживаат во популарни емисии на интернет TVB kids mk. Децата ќе имаат интеракција низ едукативни игри, така и најдобро се учи!…

Кои ќе бидат  содржините?-Голем дел од содржините ќе се подготвуваат според училишната настава, во соработка со образовни консултанти и тестирани методи , за да се исполнат одредени образовни цели, но исто така постоиме и за да екпериментираме со училишниот курикулум“. Децата ќе можат да уживаат во популарни емисии на интернет TVB kids mk. Децата ќе имаат интеракција низ едукативни игри, така и најдобро се учи!…

Цел на овој интернет канал “TVB kids.мk“.

Каналот ќе се издвојубва со тоа топа штоа ќе ја има комуникацијата со основните и средните училишта и ќе биде поттик и охрабрување на младите сами да прават свои видео пораки, видео репортажи од различни области на  и пресек на состојбите во општеството т.е. гледано од нивни агол.

„Сакаш да бидеш дете репортер“ предизвик за сите кои ќе го посетуваат каналот.-За сите љубопини деца кои сакаат да снимаат видеа и имаат репортерски дух можат да се вклучат во трка за „Најдобар дете репортер за 2019 год“ и ќе учествуваа со краток видео запис (не подолг од 1 минута) на теми од различни области на спорт, видео игри, животни, наука, уметност.

„Политиката на приватност“ кажете ни повеќе околу тоа ?-Ние во “TVB kids mk.“ сме горди што правиме безбедна и квалитетна содржина без “Google Ad Sance“, без скриени хиперлинкови во која децата можат да уживаат и родителите можат да ни  веруваат. Каналот ќе биде безбеден , нака да има непроверени рекламиили соджини  со тоа децата ќе уживаат, а родителите ќе бидат сигурни. Кога собираме лични информации (е-пошта или телфонски броеви нама да бидат откривани или споделувани со трети лица освен ако ние  експлицитно не посочиме поинаку, а родителите (старателите) се согласуваат со таквото откривање или ако тоа е потребно со закон. “TVB kids mk.“ не продава информации собрани од колачиња, или да ги користи информациите за цел поврзани со трговија.

Ж.Ристевска

More from ЗабаваMore posts in Забава »