Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: како после новогодишната бајка и еуфорија  

Подготвил: Жанета Ристевска – психолог

На крајот од годината обично како да тргаме црта и се преиспитуваме, за тоа што сме постигнале и направиле во текот на претходната, ако не сме постигнеле она што претставувал наша цел. Често ако била превисока и не сме постигнале колку што сме очекувале стануваме, незадоволни, потиштени и целиот живот како да не мачи.

Со почетокот на Новата година, откако ќе спласне еуфоријата ќе настапи некое празно чувство особено  со започнување на  работните обврски, кога се некако ни изгледа реално, а не бајковито кога и се вратиме во реалниот свет.

Имено, како конзументи на весели, романтични и шарени новогодишни содржини кога излеземе на улица ние всушност гледаме друга поинаква слика на реалноста. Заради ова ние би требало да сме свесни дека и едно и друго претставуваат реалност, и не е се сјајно и  бајно, но не се и тажно или катастофално. Ова менување на чувства ќе го избегнеме ако вежбаме способност да направиме една целокуна слика на себеси, другите и околината и да не одделуваме (“одлепуваме“) еден дел од реалноста било тој да е позитивен, па потоа да паднеме во замка на се е црно и страшно, или да ја одлепиме и го  негираме негативниот аспект, па се да ни е се розово и да испаднеме наивни.

Светот не е ни црн ни бел. Туку комбинација од обата и способноста тоа да го поднесеме го јакне нашето ментално здравје и егзистенцијалната толеранциаја – поднесување на животот прифаќање  и уживање во него.

Со доаѓањето на Новата година сите си посакуваме желби таа да ни биде среќна. Пред почетокот на истата сите се наоѓаме пред предизвик што би требало да направиме, кои чувства, особини, навики или емоции да ги ставиме на нашата листа како приоритетни за да бидеме подобри, посреќни, поуспешни и задоволни со себе.Еве неколку препораки:

-Да ги развиваме нашето тело и дух и да станеме потполни, со себеиспитување да видиме што ни недостасува и да ја направиме нашата листа на особини на кои ќе работиме и ќе ги развиваме.

-Да се анализираме себеси и да видиме :

-Дали ни е потребно повеќе трпение, упорност, простување, благодарност, одлучност, храброст за своите желби и амбиции…

И психотерапеутот Сунчица Јовановиќ дава свои препораки:

-Да вежбаме -да не се осудуваме или чувстуваме виновни заради своите емоции, а потоа и другите луѓе.

-Како и да се чувствуваме заради нешто ние треба да си дадеме дозвола да се чувствуваме баш така некое време колку што ни прија нам..

-Ако си тажен- биди тажен,

-Ако си нервозен –биди нервозен,

-Ако си осамен – биди осамен,

-Ако си уплашен – биди уплашен,

-Ако си среќен  – пеј,

-Ако си восхитен – радувај се и подели ги емоциите со другите луѓе.

Емоциите и нивното манифестирање не прави се повеќе да сме човечни, а помалку крути, ладни и рутински “конзерви“. Тие не прават појаки, почувствители, емпатични и не поврзуваат меѓусебно.