Press "Enter" to skip to content

И Албанија со почесен конзулат во Битола, конзул Имер Селмани

Битола ќе добие уште еден почесен конзулат, 14. по ред, а ќе го отвори Република Албанија, по одлуката која ја донесе Владата на Република Македонија.

Со оваа одлука која е донесена на 8 јануари оваа година се дава согласност, Имер Селмани, да се именува за почесен конзул на Република Албанија во Република Македонија со седиште во Битола.

Владината одлука ќе ја спроведе македонското Министерство за надворешни работи.

Инаку, од независноста на Република Македонија до денес во Битола се отворени 13 почесни конзулати на исто толку држави од Европа.

Од нив, три  почесни конзулати (Хрватска, Велика Британија и Словенија) привремено не работат,  додека Република Бугарија во Битола има Генерален конзулат, а Република Грција има отворено Канцеларија за врски во овој град.

More from ВестиMore posts in Вести »