Press "Enter" to skip to content

“Попушти“ студот и загаденоста, битолчани на старите навики, полно шеталиштето

По затоплувањето на времето, иако температурите се само некој степен над нулата, “кревањето“ на сињакот и намалување на загаеноста на воздухот, битолчани се вратија на старите навики, да прошетаат по Широк Сокак, па по Шеталиште се до Тумбекафе.

Вчера и денес на Шеталиште беше вистинска врвулица, а битолчани како да сакаат да надополнат она што го прупуштија додека беа студовите дваесетина степени во минус, а секако се плашеа и од загадениот воздух.

-Тука сум секој ден, без разлика дали е зима или лето, плус или минус, но да бидам искетен една “недела“ не бев дојден, не ме оставаа децата. И имаа право еден ден “избегав“ од дома, но стигнав само до салата, не се одеше, студоти штипеше на лицето, а и очите ми солзеа. Сега е супер, се вативме сите се видовме, си ги честитавме празниците и си посакавме уште долги години да се шетаме тука и да се гледаме, ни рече битолчанецот Љупчо.