Многу битолчани го искористија потоплото попладне да отидат во Лерин, соседна Грција, за да разгледаат излози, да си купат по некое парче брендирана облека на попуст, а секако и неизбежното гиро и кафе.
Попладнево чаршијата во Лерин, полупразна, а на секоја уличка имаше паркиран автомобил со битолски регистарски таблички.
Атрактивни бренд-бутиците на “Dizel“, “Benneton“, “Admiral“, “Levis”… на излозите ги имаат истакнато зимските попусти од 50 % . При влегувањето во бутиците сите ве поздравуваат со истата реченица “Вие кај нас, ние кај вас“ со насмевка.
Но, пријатното попладне и затоплувањето на времето, некои битолчани го искористија само за прошетка покрај реката во Лерин и да се напијат кафе во некое од кафулината кои ги има на нивната главна улица и покрај реката.
Секако сите застанаа на “последната станица“ кон Битола, големиот супер-маркет “Lidl”.
Ж.Р.






