Press "Enter" to skip to content

Среќко Шоиќ – белата лаѓа ќе ја паркира во Битола…

Популарниот актер Милан Лане Гутовиќ со хит комедија пред Битолчани

Откако билетите за првата претстава во Македонија буквално пламнаа за неколку денови, познатиот срспки актер Милан Лане Гутовиќ најавува свое враќање пред македонската публика…

Тој со неговата хит – престава “Украдена личност“ на медонската турнеја ќе гостува и во нашиот град. Популарниот Шоиќ во Битола ќе се обиде да ги насмее битолчани на 20 февруари во НУ Центар за култура Битола, а билетите се пуштени во продажба он-лине преку сервисотmktickets.mk, а физички може да се купа во трите салони на “Сара Фешн“ во Битола…Претставата “Украдена личност“ е приказ на моралната слика на практичната, модерната и приспособлива личност за која условите за постигнување на личните цели се невообичаено лесни. Истите овие услови што нему му се лесни, за друга личност би биле целосно неприфатливи бидејќи тие значат понижување и морална пропаст. Со спретност и дух на селски пробисвет, овој лик се приближува до Европската Унија како кандидат за претседател.

Нему ниту еден поставен услов не му е воопшто тежок за исполнување бидејќи ништо од тоа не го чини. Понудата за него е целосно прифатлива, а колаборацијата тој ја нарекува соработка. Диктирајќи ја неговата понуда за претседател, тој со сета нејзина искривоколченост открива дел од личноста што го прават интересен на сцена. Сè што зборува е со леснотија, со измама, вешто ја искривува реалноста и се приспособува на моментот, а сето ова го прави виртуозно со невиност, што одвреме-навреме станува слично на невиноста на едно кротко животно.Мислиме дека овој став е премногу сериозен за веселата и лесна претстава што ве очекува. Таа можеби ќе биде завеса што може да ги покрие некои од сличностите на овој лик со актуелните луѓе што сомнително ги красат нашето време и тешкиот политички момент.

Во претставата игра Милан Гутовиќ, а неговите текстови се напишани потпирајќи се на текстот на Миленко Вучетиќ (Бараба). Во претставата ќе го слушате и валцерот на Штраус.

Организатор на претставите е “Бекстејџ медија“, а билетите се по цена од 400, 500 и вип-билети од 1.000 денари.