Press "Enter" to skip to content

ФФМ и Сојузот за училишен спорт организираа “Зимски фудбалски радости“ (фотогалерија)

Во салата на основното училиште “Ѓорѓи Сугарев“ се реализира проектот на Фудбалската федерација на Македонија заедно со Сојузот за училишен спорт на Битола, во кој беа вклучени ученици од четири основни училишта.-Во овој проект се вклучени учениците од основните училишта “Тодор Ангелевски“, “Даме Груев, “Ѓорѓи Сугарев“ и “Стив Наумов“, а од секое училиште беа вклучени по 60 деца од второ и трето, и по 60 од четврто и петто одделение, или вкупно заедно 480 деца, вели Михајло Трампевски од Сојузот за училишен спорт во Битола.Овој проект започна во октомври, а поради зимскиот распуст беше во мирување, па останува уште да се одиграат завршните турнири.-Во сите училишта се одиграа турнири меѓу децата кои беа вклучени, а победниците, по 15 од секое училиште се тука во салата на ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ каде ќе се одигра финалниот турнир, а се натпреваруваат ученици од второ и трето одделение. Претходно по овој систем се натпреваруваа и ученици и четврто и петто одделение, а и победниците ќе имаат ист ваков финален турнир кој ќе се одржи утре, вели Трампевски, кој додава дека во двете категории има по 240 деца.ФФМ и Сојузот на училишен спорт за сите учесници во проектот обезбеди промотивен материјал и дипломи, се со цел да се мотивираат децата да се занимаат со фудбал, што е и целта на овој проект.Во реализацијата на проектот помагаа и учениците и професорите од Спорската академија, одделението за фудбал од Битола.