Press "Enter" to skip to content

Работилница  “Меѓуврсничко насилство“ во ОУ “Св. Климент Охридски“ (фото)

Воо ОУ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржа презентација на тема: „Меѓуврсничко насилство“ од страна на тимот „Нула“, еден од победничките тимови во склоп на Generation Unlimited- Младински предизвик  во организација на UNICEF МК, кој го сочинуваат:   Симеона Павловска, Ана Котевска и Мартин Цибалевски.За време  на првиот и вториот час од попладневната смена, на презентацијата беа присутни: директорката Гордана Анастасова, учениците од 5-то и 9-то одделение, педагогот, психологот, дефектологот и  тимот за ненеасилство.

На Работилницата учениците беа запознаени со видовите на насилство, со новата страна www.nulanasilstvo.com и ги погледнаа видеата на тема „Меѓуврсничко насилство“- снимени од Тимот „Нула“.Имаше добра интеракција помеѓу учениците и Тимот. Тоа можеше да се види и од дискусијата која се разви после гледањето на видеото, на кое беше претставено физичкото насилство.

Пред присутните беше презентирана новата веб страна www.nulanasilstvo.com која  нуди начин, простор и место за поттикнување на комуникацијата помеѓу родителите и децата, со цел да се намали меѓуврсничкото насилство во основните училишта. Целта е да се делува превентивно и едукативно преку прикажување на реални приказни со теми поврзани со меѓуврсничко насилство во основните училишта.

More from ВестиMore posts in Вести »