Press "Enter" to skip to content

Ракометарките на Пелистер денес патуваат на Челинџ-двомечот во Ниш

По зимските подготовки ракометарките на Пелистер, пред да почне пролетниот дел, утре и недела, ќе го играат двомечот од осминафиналето на Челинџ Купот против Наиса Ниш, Србија.

За разлика од српскиот прволигаш кој е веќе во натпреварувачки процес, екипата на Пелистер, од подготовки кои беа во ладната сала во Битола, ова ќе им биде прв испит пролетниот дел од оваа сезона.

Тренерот на ЖРК Пелистер, Викорија Блажевска, пред заминувањето за Ниш рече:

-Двомечот ќе биде во Ниш, што за нас ќе биде хендикеп, а плус на тоа домаќинките веќе играат натправари, а ние се уште сме на пауза. Тука ќе кажеме дека на нивна страна е и искуството во Челинџ купот, а да потсетам претходно два натпревари играа во гости и се пласираа во осмина финалето. Патуваме комплетни за Србија, и секако без предвремено предавање.

Денес попладне екипата на Пелистер ќе го има првиот тренинг во салата “Чаир“ во време на одигрување на натпреварот во 18 часот.

Српскиот претставник има проблеми околу составот, бидејќи три стандардните првотимки, според извештаите од Ниш, нема да играат.

Двата натпревари “пелистерки“ ќе ги играат во Ниш, поради финансиски проблеми кои ги има клубот, а тоа ќе биде хендикеп за нив.

More from СпортMore posts in Спорт »