Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: при контрола 32 возачи во Битола возеле побрзо од дозволеното

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 7 евруари, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување на првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици при што биле контролирани 371 возила.

При контролата, констатирано е дека 32 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, девет возачи управувале без возачка дозвола, кај два возачи е  откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај исто така едновозило било технички неисправно и истото е испратено на технички преглед. 

За неправилно паркирање издадени се петнаесет мандатниналози, а писмено опоменати се 12 возачи. На 65 возачи  изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 26прекршочни налози.

Исто така при контролата откриени се и други 29 видови останати прекршоци.    

More from ВестиMore posts in Вести »