Press "Enter" to skip to content

Ски-бордерите од СК Пелистер од денес на меѓународни натпревари (фото)

Андреј Мушуланов, Евгениј Ристевски и Анамари Мушуланова од денес ќе се натпреваруваат на три меѓународни трки.

Младата екипа на ски-бордерите на скијачкиот клуб Пелистер, кои имаат од 8 до 10 години, денес замина на неколку меѓународни натпревари, а ќе учествуваат на натпревари во Грција, Бугарија и Србија.-Нашите млади ски-бордери оваа зима имаа подготовки на Пелистер на ски-патеката “Копанки“ каде се поставени новите бординг реквизити. По тренинзите кои ги имаа на “Snow Park Kopanki“ од денес ќе бидат на неколку меѓународни натпревари, и ќе ги имаат првите тестови за нивната подготвеност во однос на балканските бордери, секако ви нивните категории од 8 до 10 години, велат од скијачкиот клуб Пелистер.

Младата екипа на бордерите ќе се натпреварува почнувајќи од Вици во Грција, Осогово во Бугарија, а ќе завршат на натпреварот на Златибор кој ќе се одржи на 13 февруар.

Според тоа како сериозно работеа на подготовките и со каков елан заминуваат на нивните први годинашни натпревари, од скијачкиот клуб Пелистер да се вратат во Битола со добри пласмани и медали.

More from СпортMore posts in Спорт »