Press "Enter" to skip to content

“Лексика Нова Битола“ со курсеви по германски јазик за проектот “Германија бара медицински персонал“

“Германија бара медицински персонал“ е проект на агенцијата “Pro Select“ од Германија која посредува (без провизија) при вработување на медицински персонал, која изучувањето на германскиот јазик и го довери на “Лексика Нова Битола“.

“Лексика –  Нова Битола“ е единствената школа која е сертифицирана  за изучување на  германски јазик за “Германија бара медицински персонал“ за медицински лица и единствен застапник  во регионот Битола, Прилеп, Ресен и Демир Хисар.

По тој повод поразговаравме со Каролина Петковска сопственик на школата за повеќе информации околу оваа нивна вклученост во проектот “Германија бара медицински персонал“.-Нашата школа  организира  курсеви по гермаски јазик и се добиваат сертификати за завршен курс (Б1 или Б2 ниво)  за медицински лица кои сакаат са аплицираат за проектот  „Германија бара медицински персонал“ на Агенцијата Pro Select (www.pro-select.info). “Pro Select“ е  агенција од Германија која посредува (без провизија) при вработување на медицински персонал. Имено, станува збор за долгорочно вработување, се бараат кандидати кои би се преселиле да живеат и работат во Германија. Профили кои се бараат се медицински сестри, сестри акушерки, радиолози. Кандидатите покрај соодветното образование и работно искуство треба да имаат познавање на германски јазик на Б1 или Б„ ниво. Со кандидатите кои го имаат соодветното образование, но го немаат потребното знаење на германскиот јазик “Pro Select“ ќе склучи пред договор со кој ќе се обврзе да надомести 50% од уплатените пари за изучување на германскиот јазик до потребното ниво (парите ќе бидат надоместени со вработувањето).

Петковска додава и дека “Лексика Нова Битола“ е  застапник за регионот Битола, Прилеп, Ресен за органиизирање на овие курсеви  Б1 или Б2 нивоа и доделува сертификат кој е потребен за да  аплицираат во агенцијата “Pro Select“.-Ова го нагласувам  бидејќи имаше случаеви  кога овие услуги ги превземаа и други, кои немаат ваков вид на соработка со агенцијата Pro Select , за да нема недоразбирање.

Конкретно за овие курсеви, сопственичката на “Лексика Нова Битола“ вели:

-Уписот за курсевите веќе е започнат, има  интерес како и досега. Оние кои се заинтересирани за повеќе информации,  може да не посетат во нашите простории во Центарот за странски јазици „Лексика- Нова Битола“ кој се наоѓа  на улица „Анести Пановски“ бр 13 во Нова Битола каде ќе добијат подетални информации за „Германија бара медицински персонал“.  Тука сме  со  професорката по германски јазик  Елена Мицевска која успешно водеше вакви курсеви досега. Професорот Елена Мицевска  ќе ви даде детални инфорнмации околу организирање на часовите од курсот и потребните материјали за изучување на германскиот јазик.

Во изминатиот период веќе неколку  кандидати  успешно го завршија изучувањето на германскиот јазик во нашата школа и заминаа да работат и  ги реализираат своите амбиции кои ги замислиле и зацртале пред себе.   

Жанета Ристевска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.