Press "Enter" to skip to content

Загадувањето на воздухот во Битола во 16 часот на Баирот и долниот дел (фото)

Преку фотографии ви пренесуваме како денес, недела, 10 фавруари, во 16 часот, изгледаше Битола, во однос на загадувањето на воздухот. Фотографиите се направени од  манастирот “Св. Архангел Михаил“ кој се наоѓа на врвот на ридот на Баирот, над Кркардаш.Големи чадови се издигаа над населбата Баир, на Смилевски и на Баирот над населбата Бадем Балари, а поради ведрото време можеше лесно да се забележат. Кога денес при релативно топло време има толку голема загаденост во овој дел на Битола, можеме само да замислиме колку била загаденоста кога температурите беа во длабок мунус, кога облаците беа ниско над градот, имало сињак и магла, а при тоа којзнае што се се гореше за затоплување.Неколкумината битолчани кои беа таму, кај манастирот “Св. Михаил Арангел“, а доаѓаат секој ден, ни рекоа дека “денес е шеќер“, а и  дека не можеме да замислиме како било пред две седмици, кога не се забележувале ни куќите, поради чадот.Од друга страна пак, во долниот дел на Битола, Јени маале, Бела Чешма, Дулие, Ушици, Карпош… во истото време, поглед кој секој би посакал, мирно, без чад, и со голема видливост, без загаден воздух.

Но, само за малку како поминува времето чадот ќе “слегува“…

More from ВестиMore posts in Вести »