Наиса – Пелистер 34:24 (17:12)
Битолски Пелистер, кој беше и единствен македонскиот претставник во Челинџ Купот, очекувано е елиминирана од осминафиналето од Челинџ купот, од екипата на Наиса од Ниш.
Ваквиот резултат беше и очекуван со оглед на тоа што Управата на клубот се одлучи двете средби да ги игра во гости, на теренот на противникот, а за младите ракометарки ќе биде само едно меѓународно искуство повеќе.
Пелистер, вчера го претрпе и вториот пораз, 34:24, “пелистерки“ имаа сила само на почетокот на натпреварот, кога го имаа и изрманувањето 10:10. Потоа се беше во знак на домашните ракометарки, кои на одмор заминаа со +5 гола (17:12), а до крајот на натпреварот таа предност се дуплира +10, за конечни 34:24.
Најефикасни во екипата на Пелистер, Милосављевиќ со шест, Јанкуловска пет, а Николовска со четири гола.