Press "Enter" to skip to content

Изложба на Андеа Коруноска во  библиотеката на Горната Гимназија 

Во библиотеката на битолската Гимназија “Јосип Броз -Тито” е поставена изложбата на  Андреа Коруноска, ученичка од втора година.

Ова е твоја прва самостојна изложба. Со каков опус и тематика се претставуваш пред љубителите на ликовната уметност?-Да, ова е мојата прва изложба и многу се радувам што имам можност,  благодарение на  заложбата на библиотекарот м-р Драган Ристевски, и на наставникот  по ликовна уметност Александар Поповски,  успеав да ја исполнам библиотеката со мои дела, и тоа, платна со мртва природа, пејсажи и портрети кои се изложени на ѕидовите на Библиотеката.

Која техника е застапена на твоите дела?

-Има дела кои се на платно и се направени со темперни и акрилни бои, но имам и цртежи, особено портретите, кои се направени со молив односно техника на сенчење.Кој ја откри твојата наклоност кон ликовниот израз и кој придонесе за развојот на талентот што го поседуваш?

-Уште како мала, моите родители открија дека сакам да цртам и ме однесоа во Детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј “Битола. Благодарение на мојот професор Коста Хаџи Антоновски мојот талент се негува и се развива, па така тоа го правам и денес како гимназијалка.

Кои се твоите успеси што ги имаш постигнато сликајќи и кои се твоите планови за во иднина?

-Успесите се многубројни, имам меѓународни награди од многу земји ширум светот.  Како член на Детското ликовно студио ”Св.Кирил и Методиј” учествувам на ликовните каравани во Битола, а воедно, имам и посетено ликовни колонии и изложби надвор од Македонија како Португалија, Германија и Русија. Немам некои конкретни планови за во иднина, но искрено би сакала да продолжам со сликарството.  Како и да е, што и да изберам за моја идна професија, сликарството  секогаш ќе го негувам и тоа  ќе биде мое  најомилено  хоби.