Press "Enter" to skip to content

ОУ “Даме Груев“ дел од светскиот меѓународен проект “INNOVATE YOUR DREAMS 2019“

Основно училиште “Даме Груев“  дел од најголемиот светски меѓународен проект “INNOVATE YOUR DREAMS 2019“ во кој се вклучени 100.000 ученици, 1.700  од преку 60 земји.

Целта на проектот е да им се помогне на учениците да разберат и да се припремат за занимања во иднината кои сеуште не постојат. Проектот промовира 3 од вкупно 17 цели на Одржлив развој од Обединети нации во Агендата до 2030, квалитетно образование за сите, достапна чиста вода, индустрија ,иновација и инфраструктура

Проектните активности ке траат 7 недели ,на крајот на секоја недела се добива нова задача  со проектна реализација  од основачите на овој светски проект -Khurram Whiz – Pakistan и Rania Lampou – Greece.

Преку овој проект се развиваат кај учениците следните компетенции; комуникација, соработка,иновативност,заедничко решавање на проблеми,критичко размислување како и развивање на информатичко комуникациски компетенции.Овој проект е не само предизвик за учениците туку и за самите наставници што укажува самата бројка на вклучени наставници од нашето училиште – вели наставничката Соња Јанкуловска

Како координатор на Македонија за овој проект можам слободно да кажам дека заедно со моите колеги –Кети Неделковска – наставник по математика, Марина Симоновска – наставник по математика, Биљана Додовска Георгиев-наставник по француски јазик и Снежана Тодоровска-наставник по англиски јазик успешно ги следиме чекорите во реализација и припрема на нашите ученици за нивната иднина .

За самите наставници ова е можност да ги усовршат своите вештини на 21 век, поврзаување со едукатори од целиот свет,користење на низа дигитални алатки и ресурси.

Во изминатиот период беа реализирани следните активности: надежна иднина, сè што може да се замисли е реално, негување компетенции, “Светот во 2030 година”.

More from ВестиMore posts in Вести »