Press "Enter" to skip to content

Фото вест: отворена шахта на “ВИП“ во која паѓаат луѓе и автомобили

Веќе подолг период на улицата “Борис Буџевски“ која се ноѓа кај Болницата, зад таканаречената егејска зграда, е оштетена шахта која е опасност за жителите и минувачите.

Шахтата е во “сопственост“ на “ВИП“ и во неа се наоѓаат телефонски и други кабли. Шахтата е целосно искршена, а капакот е паднат внатре. Жителите од улицата поради тоа што внатре пропаѓаат автомобили и луѓе, посебно кога беше покриена со снег импровизирано ја имаат одбележано со картонски кутии.

-Ова е вака од есента. Се јавуваме во “ВИП“ во Скопје, од каде ни кажуваат дека тука немале шахти, а и ако имале тешко дека ќе ја поправеле. И претходно имаше оштетувања, но доаѓаат луѓе и ја поправаа. Тука паркираат возила возачи кои имаат некоа работа во Болницата, не знаат дека има ваква дупка и пропаѓаат. А да ви кажеме, што е најтрагично во шахтата имаат паднато и вработени од “ВИП“, велат комшиите кои ги најдовме таму кога поставуваа “нови знаци“ од картон.

Тука зад зградата играат деца, посебно сега во топлите денови, а плус на сето тоа не знаеме дали каблите кои ги има десетина, дали се под напон.

More from ВестиMore posts in Вести »