Press "Enter" to skip to content

Половина век џудо клуб Пелистер

Џудо клубот Пелистер од Битола започна да го одбележува својот голем јубилеј, 50 години од формирањето и работењето на овој битолски спортски клуб, низ кој поминале илјадници наши сограѓани кој се занимавале со оваа боречка вештина.

Ѓуро Илиќ, џудо мајстор, 5 дан, за одбележувањето на овој голем јубилеј вели:

-Започнуваме со одбележувањето на овој голем јубилеј, значаен не само за нас туку и за битолскиот спорт. Подготовките околу тоа како ќе ја одбележиме оваа јубилејна година се во завршна фаза, одредени се кои настани ќе го носат епитетот јубилејни, а чекаме датумите да ги осогласиме со федерецијата, по што ќе следува прес-конференција на која ќе кажеме како ќе го прославиме јубилејот.

More from СпортMore posts in Спорт »