Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник со Алушевски денес против Нексе во третото коло од ЕХФ купот

По пристигнувaњето во Нашице, Хрватска, ракометарите на Еурофарм Работник, вчера, во терминот на одигрување на натпреварот, го имаа и единствениот официјален тренинг, кој го водеше новиот тренер, Стевче Алушевски. Натпреварот ќе биде дел од третото коло од “Б“ лигата од Купот на ЕФХ.

Алушевски вчера го одработи тренингот со сите ракометари кои се во Нашице, а денешниот ден ќе го искористи за да им ги даде последните совети на ракометарите, а по тешкиот пораз во Битола, пред седум дена, ќе сака да го врати клубот на посакуваниот ритам.

И ракометарите на Еурофарм Работник сакаат што побрзо да ја заборават лошата епизода од Битола и како велат по турбулентната седмица, со промена на тренер, со патување и со три тренинзи со Алушевски, да стигнат до зацртаната цел.

Екипата на Нексе е лидер на табелата во “Б“ групата со две победи, а Еурофарм Работник во двете кола е поразен од Хановер и Татабања.

More from СпортMore posts in Спорт »