Press "Enter" to skip to content

И трет пораз на Еурофарм Работник во групната “Б“ фаза од ЕХФ купот (фото)

Нексе – Еурофарм Работник 23:18 (10:10)Сала во ОУ “Крал Томислав“ во Нашице

Гледачи: 2.560

Судии: Ердован и Аршим Витаку

Делегат: Иван Долејш

Нексе: Лелиж, Шипиќ, Гаџа 2, Лебан, Етер, Зрниќ, Баришиж, Јаман 2, Цар (13 одбрани), Бувиниќ 4, Јелониќ 4, Вида, Лончар, Лавриќ 1, Томиќ 2. Јагањац 1, Целеби.

Еурофарм Работник: Ојлевски 2, Марковски 1, Талевски, Стјепановиќ 2, Трајковски, Мемиќ, Кузмановски 3, Радовиќ 1, Чаневски (13 одбрани), Куковски, Крстески 1, Остроушко 6, Граџан 1, Ѓукиќ 1, Петровски.Битолски Еурофарм Работник го забележа и третиот  по ред пораз во “Б“ групата од Купот на ЕХФ, овој пат на гостувањето во Нашице, Хрватска, од екипата на Нексе, која по оваа победа има максимален учинок со три победи во три кола.

Еурофарм Работник без победа ја завршија првата половина од Групната фаза, предводени од новиот тренер Алушевски не успеаја да направат изненадување, но ќе се остане забележано дека првото полувреме одиграа нерешено 10:10. Во тој период “фармацевтите“ останаа без Михајло Петровски кој доби незгоден удар во носот, а на крајот од полувремето имаа и предност 9:10.На стартот на второто полувреме екипата на Нексе, за само пет минути, направи серија од четири гола за 14:10, а во 40 минута и +5, за на крај да биде таа разлика со конечни 23:18.

 

 

More from СпортMore posts in Спорт »