Press "Enter" to skip to content

Преку спортот да се пренесуваат важни социјални пораки и промоција на позитивни социјални вредности (фото)

Протоколот за соработка го потпишаа ФК Пелистер, Графичар, Слога и Железничар заедно со младинското здружение од Белград и Синдикалниот едукативен центар од БиХ.

Пратејќи ги стратешките приоритети во спортот за периодот 2018-2020 фудбалскиот клуб Пелистер од Битола и фудбалските клубови Графичар од Белград, Слога и Железничар од Добој БиХ заедно со младинското здружение од Белград, “Развоен центар за млади“ и Синдикалниот
едукативен центар од Босна и Херцеговина во Белград во просториите на ФК Графичар потпишаа Протокол за соработка.

Потписниците на протоколот веруваат дека спортот е моќен канал за пренесување на важни социјални пораки и промоција на позитивни социјални вредности. По потпишувањето на актот за
соработка се отпочна со размена на идеи за понатамошното заедничко делување.Прв предизвик со кои ќе започнат е заедничка подготовка на проектна идеја за конкурс на
програмата “Erasmus +“ во областа на спортот, а за поддршка ќе се обратат и до матичните
фудбалските федерации.

-Со спојот на младинските здруженија и фудбалските клубови ќе се укаже на нераскинливата врска помеѓу младите и спортот. Ова ќе биде втора проектна идеја во која ФК Пелистер и горенаведените партнери ќе ја припремаат користејќи ги достапните меѓународни фондови и се надеваме дека овие заеднички активности ќе прераснат во долгогодишна и одржлива соработка. Нашата цел е поврзување и синергиско делување на различни активности насочени пред се кон зајакнување на улогата на тренерите како едукатори и педагози во работата со децата и младите- изјави координаторот на проектот од Македонската страна, Гордана Цветковска Бошевска.

More from СпортMore posts in Спорт »