Press "Enter" to skip to content

Ревас Чантируја по инцидентот со Петковиќ, побара и доби раскин на договорот со Пелистер

Ракометниот клуб Пелистер ја информира пошироката спортска јавност и вљубениците  во ракометната игра за раскинување на договорот со ракометарот Ревас Чантурија, кој на свое барање после вербалната расправија на пријателскиот натпревар против екипата на Бутел, со шефот на стручниот штаб, Јошко Петровиќ, побара од Управниот одбот на РК Пелистер спогодбен раскин на договорот.

И покрај настојувањата на целата екипа и Управниот одбор за взаемно решавање на ситуацијата, сепак желбата беше на ракометарот беше конкретна, со одбивање на натамошна соработка и раскин на договорот, се вели во соопштението испратено попладнево од РК Пелистер.

More from СпортMore posts in Спорт »