Press "Enter" to skip to content

Кадетките на Пелистер Волеј во најдобрите осум одбојкарски екипи

Пелистер Волеј – Работнички Скопје 3:0 (25:15, 25:08, 25:15)

Во победата над екипата на Работнички од Скопје кадетките на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј се пласираа во четвртфиналето за сезоната 2018/19.

-Тоа што го посакувавме го остваривме, “падна“ скопски Работнички, а победата беше во натпревар во кој имавме тотална доминација во текот на целиот натпревар, како се гледа и резултатот 3:0. Шанса доби целиот ростер и по измените кои следеа во екипата, имаме право да се надеваме дека и со оваа категорија ќе избориме Ф4, што ќе биде голем успех, велат од Пелистер Волеј.

Од клубот искажуваат благодарност до верната публика, на која и најавуваат дека пионерките кои се прво пласирани по групната фаза, за само 7 дена исто така во Битола ќе играат трет осминафинален дуел против екипата на УСК Валандово.

И младинската екипа на Пелистер Волеј е пласирана во 1/4 финале, односно меѓу најдобрите осум.

More from СпортMore posts in Спорт »